Во Центарот за култура „Бели мугри“ беше отворено 11. издание на културната манифестација „ Петровденски конаци“, со концертот на флејта и пијано под наслов „Вечер на македонски автори“
“Зачувувањето на посебноста на еден народ е поврзано со негувањето на традицијата, на неговите корени. Кочанци кон придонесот во културната историја на својот народ, ја вградуваат петровденската слава. Петровден останува вграден во нашето минато и токму со намера да ја заштитиме традицијата од заборавот, ја организираме и културната манифестација „Петровденски конаци“.
– изјавил градоначалникот Николчо Илијев.
Флејтиската Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ настапија со дела од Стојан Стојков, Александар Џамбазов, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица, Трајко Прокопиев и други македонски автори.

На програмата на „Петровденски конаци“ беше и ликовниот перформанс на кој ќе учествуваат Владимир Темков, Новица Трајковски, Љупка Галеска Василев, Игор Љубовчевски-Љубац, Гордана Винчич и Божица Милојевиќ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево