БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Акциска контрола во винички угостителски објекти, лишено од слобода едно лице, затекнати малолетници

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Синоќа и денеска (19/20.07.2025), во временскиот период од 22.00 до 02.30 часот во рамки на активностите на Секторот за внатрешни работи Штип од страна на полициски службеници од ОВР Виница, ПС ОН Берово, ПС ОН Пробиштип, ПС БПС Штип, од ПСОН Штип и од ОКП Штип, беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Виница, објекти што ги посетува младата популација.

Во овие активности беа вклучени и претставници на Државниот пазарен иснпекторат, на Управата за приходи, на Државниот трудов инспекторат и на ДЗС. Притоа детално се контролирани три угостителски објекти при што едно лице е лишено од слобода по член 215 од КЗ на РСМ, а од страна на УЈП констатиран е прекршок по чл. 5 ст. 10 од Законот за регистрирање на готовински плакања. Покрај ова во еден од објектите констатирано е присуство на четири малолетни лица за кои постојат основи на сомнение дека се послужени со алкохолни пијалоци, а по добиените резултати од вештачењето ќе биде покрената и соодветна постапка.

Малолетниците веднаш се повикани во просториите на ПС ОН Виница и во присуство на нивни родители е извршен разговор, в.в сторена КД по чл. 204 од КЗ на РСМ. Дополнително од страна на ДПИ Штип констатирано непоседување на Одобрение за користење на јавна површина од општина Виница, а неправилности се утврдени и од ДТИ односно констатирано е дека се затекнати работно ангажирани лица за коишто не е приложен доказ за заснован работен однос. Меѓу затекнатите работно ангажирани лица во еден од објектите затекнато е и малолетно лице за кое што исто така не е приложен доказ за засновање на работен однос. Инаку за активностите е известен и дежурен ЈО при ОЈО Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace