Проектите за подобрување на животниот стандард на граѓаните во општина Виница се реализираат со потребната динамика од страна на локалната самоуправа на чело со градоначалникот Миле Петков. Поддршката на владата предводена од Премиерот Мицкоски со директна финансиска инјекција овозможува забрзана реализација на приоритетните проекти кои што граѓаните ги бараат да бидат реализирани од различна природа и функционалност. Станува збор за финансиски инпут од над 150 милиони денари за само една година од буџетот на владата а ваквиот тренд на инвестиции неопходно е да продолжи и во наредните години. Општината Виница во поглед на локалната економија е една од подобростоечките општини во државата, но предизвици со сообраќајната инфраструктура, животната средина, комуналната инфраструктура и останати сфери се уште постојат за што и во наредниот период е потребна институционална соработка на локалната и централната власт за да процесите се движат по нагорна линија во интерес на стандардот на граѓаните на општината.
Во текот на вчерашниот ден во посета на граѓаните на Виница беше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи која што се запозна со текот на реализацијата на локалните проекти при што го констатираше евидентниот напредок за подобрување на ефектите од политиките на локалната и централната власт.
“Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток.
Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто така и редовни исплаќања на новите субвенции.
Во Општина Виница се добиени околу 150 милиони денари за инфраструктурни решенија од различен тип, за различни типови на градење. Продолжуваме и понатаму така, за Македонија,”
-рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското Собрание Рашела Мизрахи во рамки на нејзината посета на жителите на општина Виница.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево