БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова се придобивките за полицијата и за граѓаните од измените на Законот внатрешни работи и Законот за полицијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на своето експозе за потребите од донесување на измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полицијата, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој што е предлагач на овие законски измени ги истакна главните промени кои што се воведуваат со цел за поефикасна работа на засегнатите државни органи во интерес на институционалниот развој а во крајна линија за овозможување на подобар квалитет за живот на сите граѓани во Македонија.

“Законот за внатрешни работи и измените на Законот за полиција претставуваат основа за темелна реформа на полицијата, од организацијата, преку раководењето и критериумите за унапредување, до интегритетот, систематизацијата, системот на кариера и одговорноста во работењето.

Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Во процесот учествуваа:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– стручните служби на МВР,

– претставници на синдикатите,

– независни правни експерти,

– меѓународни партнери.

Препораките на ГРЕКО и анализите на ОБСЕ се целосно вградени во новите решенија.

✅ Со новиот ЗВР:

– Ја поедноставуваме класификацијата на работните места.

– За првпат воведуваме тест за раководење и за позиција главен.

– Обуката станува услов за секоја раководна позиција.

– Воспоставуваме тест за професионален интегритет без политички влијанија.

– Советничките позиции конечно добиваат правно функционална рамка.

– Се воспоставува јасен и доследен систем за управување со човечки ресурси – од мобилност и распоредувања, до развој и кариера.

✅ Со измените на Законот за полиција:

– Се дефинираат професионални и специфични критериуми за директорот на БЈБ – со искуство исклучиво во полициските работи.

– Се отвораат нови полициски станици во Сарај и Илинден, согласно безбедносни и територијални потреби.

– Се усогласува внатрешната организација и нормативното уредување со новиот концепт на управување во полицијата.

Додека некои, било од незнаење, било од желба за брзи политички поени, избираат да манипулираат и критикуваат без основа, ние остануваме посветени на суштината, да изградиме институција што ќе работи по јасни правила, ќе вреднува знаење и одговорност и ќе им служи на граѓаните, а не на дневната политика”

-напиша на социјалните мрежи во прилог на видеото од своето обраќање пред пратениците во Македонскиот парламент Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот