БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Актуелното зголемено темпо на перформанси на владата позабележителни резултати ќе овозможи за отприлика 1 година

Николоски: Перформансот на економијата е одличен, судството и обвинителството потфрлија, не можат да ги следат перформансите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вицепремиерот и Министер за транспорт во Македонската влада зборувајки за перформансите на владините институции и промените кои се во тек за подобрување на состојбата во Македонското општество, оцени дека судско-обвинителските органи не се во состојба да ги следат овие процеси наметнати од владата за да на подеднаков начин трите поделени власти треба да им служат на македонските граѓани.

Перформансот на економијата е одличен, ги гледате бројките и резултатите, ќе се почуствуваат, граѓаните го гледааат ама не го чуствуваме. Потребно е најмалку една година откако ќе се случи тој економски напредок за да го почуствуваат луѓето на својот џеб и тоа ќе има континуитет, оценува вицепремиерот Николоски.  

“ Во однос на корупцијата можам да кажам дека можеме повеќе и подoбрo пред сe во делот на судството и обвинителството. Мислам дека МВР коректно си ја работи својата работа, но МВР е една од алките во системот.  Мислам дека судството и обвинителството целосно потрфлаат и оваа ситуација не може да остане вака. Знаете дека ние поведовме постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет на крај најдоа дупка во Законот и велат не поднесуваме оставка.  Што морал да имаш да ти изгласаат недоверба во Собрание, а ти да продолжиш да седиш на таа маса и да носиш одлуки? ”-истакна вицепремиерот Николоски и додаде:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Мојата оцена за судството и обвинителството е дека не се на својата задача и не можат да ја следат оваа Влада предводена на ВМРО -ДПМНЕ. Перформансот што го дава оваа Влада на ВМРО -ДПМНЕ, судиите и обвинителите не можат да го следат” изјави вицепремиерот Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот