Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на денешната прес конференција во Влада ги соопшти првичните наоди од анализата која ја спроведе комисијата по доставени пријави од граѓани и здравствени институции.
– Од првиот ден се водиме од начелото на транспарентност и отчетност и токму затоа изминатиот период презедовме повеќе мерки за анализа и утврдување на состојбите, за да можеме денес пред вас да излеземе со првите резултати од работата на комисијата. Комисијата испорача објективни резултати, врз основа на професионално, научно и независно спроведен процес. Од доставените 25 случаи, од кои комисијата утврди дека 6 од случаите треба да се испратат до ДСЗИ, бидејќи таа не е надлежна, анализирани се 19 случаи од кои кај 10 случаи комисијата утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, истакна министерот Алиу.
Претседавачотот на комисијата д-р Жарко Христовски појасни дека работата на комисијата е прецизирана како анализа на податоци за пациенти кои биле упатени или оперирани од коронарна и периферна васкуларна болест во сите јавни и приватни здравствени установи со соодветна дејност.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција