БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Симонова: Независната листа ГРИН во Кочани НЕ Е исто со невладината ГРИН.ОРГ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ана Симеонова од Кочани која што е Претседател на невладината организација ГРИН.ОРГ од Кочани денеска со своја изјава упатена во јавноста ја негираше поврзаноста на оваа граѓанска организација со постојната Граѓанска иницијатива ГРИН која што има поднесено своја граѓанска независна листа за советници за претстојните локални избори.

“Како претседател на невладината организација ГРИН.ОРГ сакам да се оградам во името на цело здружение за новонастанатата партија која што се вика Граѓанска иницијатива ГРИН и да им порачам на граѓаните доколку планираат да гласаат а мислат дека тоа сме ние дека тоа нема никаква врска со нашето здружение и нашата работа на ниво на општина Кочани,”

-рече Ана Симонова во изјава за јавноста.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-“Воедно со ова би сакала да истакнам дека со овој чекор се гледа немоќта на големите партии кои што и претходно имаат правено вакви трикови за носење на народот во заблуда за еден глас плус/минус…. Ние како невладина организација ќе продолжиме да работиме и да соработуваме со Општина Кочани, партиски не заземаме ничија страна и ќе продолжиме да ги имплементираме нашите проектни активности се за доброто на Кочани и за развој на Кочани”

-рече Ана Симонова во својата реакција на актуелните политички случувања во Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот