Драган Богдановски е роден во с. Клечовце, Кумановско, на 18 септември 1929 . Загинал под неразјаснети околности во воз кај Фредериција, Данска, 31 мај 1998. Тој е еден од најпознатите македонски политички емигранти и дисидент по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.
Потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што во 1948 г. се запишува во Белград (Земун) на факултет за земјоделство и шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на „Македонски студентски клуб”, за која активност бива затворен и издржува казна од 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев венац. По излегувањето од затвор е исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.
Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот СССР. Донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 г. Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на СДБ, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати, на кој процес е осуден на 13 години затвор. Помилуван е во 1988 година.
По излегувањето од затвор во 1988 година, кратко време живее во Скопје, а штом добива патна исправа заминува во Малме, Шведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија (која е отпечатена во весникот „Млад Борец”). Таа партија по идеја на Драган Богдановски треба да се вика „Демократска партија на македонско национално единство”, ДПМНЕ. Во 1990 година заедносе состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Љупчо Георгиевски со Гојко Јаковлевски од Берлин, Борис Змејковски и Владо Транталовски од Ресен, по што партијата се формира и регистрира во Македонија.
Умира на 31 мај 1998 г. во воз (во местото Фредериција, Данска), на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на семејството и најблиските во Куманово на 1 август 1998 г. Беше погребан на 2 август, на погребот учествуваа членовите на неговото семејство, неговите пријатели, општинските раководители на градот Ресен и само еден претставник од ВМРО ДПМНЕ .
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Споменикот на Тоше во Хрватска лажно носи натпис “Роден во Северна Македонија”
Си замина Нестор Огинар- Голем противник на поранешното едноумие и борец за Македонската кауза
Славко Јаневски: МОЛИТВА