Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, дознава порталот МКД.МК од извор во Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци.
Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата.
Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот. Како што дознаваме, согласно методологијата, проверени биле и скандалите кои за Христовски ги објавуваше опозицијата и некои медиуми. Во македонската јавност актуелен беше случајот со сертификат за познавање на англиски јазик и вториот факултет што го завршил Бојан Христовски.
Во минатото поголем број на функционери од Македонија беа одбиени за ваков сертификат од страна на НАТО.
На тој начин паѓаат во вода сите конструкции и обиди на про-опозициски пропагандни центри да го дискредитираат реомето на Директорот на АНБ Христовски, кој што како целосно независен и релативно нов функционер во безбедносните служби станува реална закана за сите безбедносни закани вклучително и оиние кои доаѓаат од внатре од разузнавачката заедница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка
Божиновска: Зелената транзиција не може без жените – поддржете повеќе проекти водени од жени – порака од глобалниот настан на ЕБРД по повод Денот на жената
Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите