БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска асфалт добија два локални патни правци во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска упати свое соопштение до јавноста за асфалтирани два патни правци до две населени места во општина Македонска Каменица.

Во првиот случај станува збор за поставување на нов асфалтен слој на локален пат во Букерско маало:

“Нов асфалтен слој во Буќерска маала

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

👉Денес, на огромно задоволство на локалните жители поставен е нов асфалтен слој во Буќерска маала во Македонска Каменица.

❗Поради утврдени неправилности, Општина Македонска Каменица експресно интервенираше кај фирмата-изведувач и во најкраток можен рок поставен е нов асфалтен слој.

✅ Ставаме крај на самоволното однесување на фирмите-изведувачи и силно сме насочени кон подобрување на квалитетот на проектите кои се реализираат во нашата општина.

💯 Во тек се уште неколку постапки каде изведувачите мора да се вратат на терен и да ги корегираат направените пропусти.

💪 Продолжуваме сериозно и посветено да ги браниме интересите на граѓаните.”

-соопшти градоначалникот Атанасовски за реализацијата на овој проект кој значително го подобрува стандардот на жителите кои гравитираат по овој патен правец.

Дополнително Градоначалникот Атанасовски информираше и за асфалтирањето на крак од патна делница во т.н. Албанско маало чија што целосна реализација ќе финишира во наредните неколку денови. По завршувањето на овој локален пат, ќе започне асфалтирањето на улица “Церска” во градот каде веќе се привршуваат останатите земјани и други подготвителни работи, информира Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace