“По повод 20 мај, Ден на пожарникарите во Република Македонија ја посетив Територијалната противпожарна единица во Виница и на сите вработени им го честитав Денот на пожарникарите.
Денот на пожарникарите 20 Мај е ден на пожарникарството во Република Македонија. На овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. Во светски рамки денот на пожарникарите се слави на 4 мај во сеќавање на пожарникарите кои го изгубиле животот во борба со огнот.Работата на пожарникарите е одговорна и ни малку лесна, зошто несебично се изложуваат на тешки и опасни ситуации и неретко нивните животи ги ставаат во опасност за да ги заштититат животите на нас граѓаните и нашите имоти. Да се биде пожарникар во исто време е опасно, но пред се хумана и пожртвувана работа. Од драгоцена важност за нас и нашето опшество е нивната професионалност и организираност при дејствување во разни пожари и други непогоди.Истовремено потпишав и Меморандум за соработка со Доброволното противпожарно друштво Кочани кое брои повеќе од педесет членови кои ќе бидат на располагање на ТППЕ Виница и ќе им помагаат во иднина за поголеми интервенции.”
Миле Петков- Градоначалник на општина Виница
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца