Почитувани сограѓани Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределување на 36 социјални станови во Општина Виница во станбенa зградa на улицa „Плачковички одред“ бр.34 во Виница, изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија во Општина Виница
Барање за добивање на социјален стан може да поднесат сите граѓани кои ги исполнуваат условите:
Да е државјанин на Република Македонија;
Да е со постојано место на живеење во Општина Виница
Да не поседува стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Македонија
Корисници на социјални станови може да бидат следните категории на граѓани кои се станбено необезбедени:
Деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
Корисници на правото на гарантирана минимална помош.
Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост.
Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите на Република Северна Македонија.
Самохрани родители со малолетни деца.
Барањето за добивање на социјален стан со целокупната потребната документација се поднесуваат до ЈУ Центар за социјална работа, улица „Страшо Пинџур” бр.5 во Виница до 16.11.2022 година.
За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, ЈУ Центар за социјална работа во Виница ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.
Заинтересираните граѓани за подетални информации може да ги контактираат следните лица:
– г-ѓа Сузана Камческа, Министерство за транспорт и врски, (контакт телефон:072/229-161)
– г-ѓа Катерина Савовска, Министерство за труд и социјална работа, (контакт телефон:078/233-112)
– г-ѓа Сузана Костадинова, ЈУ Центар за социјални работи – Виница (контакт телефон:078/292-825)
– г-ѓа Марија Алексова, ЈУ Центар за социјални работи – Виница (контакт телефон:078/362-802)
– г-дин Александар Мицов, ЈУ Центар за социјални работи – Виница (контакт телефон:076/454-545)
Целокупниот јавен оглас на следниов линк тука.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени од слобода 11 возачи во тетовско, Кочани, Виница, Неготино, Кавадарци, ресенско, Прилеп и Струга затоа што управувале возило под дејство на алкохол, следува пријава
Лишено лице од слободата, примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот со понудени 316 илјади повеќе седишта во прв квартал за 2026 година