БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Виница овозможува соработка во функција на подобрување на животот на младите во општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како дел од основните програмски определби на градоначалникот на општина Виница за подобрување на стандардот за живеење на граѓаните, денеска беше потпишан Меморандум за соработка со Здружението за унапредување на меѓусебната доверба ТАКТ.

Градоначалникот Миле Петков на чинот на потпишување на овој значаен меморандум соопшти дека овој документ ќе овозможи подобрување на можностите за неформално образование за деца и младинци во Виница, во насока на зголемување на социјалната инклузија и кохезија преку спортот.

“Денес потпишав Меморандум за соработка помеѓу Општина Виница и Здружението за унапредување на меѓусебна доверба TAKT – Together Advancing Common Trust. Потпишувањето на овој Меморандум е да обезбеди рамка во која ќе бидат претставени предлози за програми за соработка помеѓу двете страни во областа на здравиот и активен живот, социјалната вклученост на младите и младинскиот развој.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целта на Меморандумот е меѓусебна соработка и реализација на активности и проектни работилници, кои ќе придонесат кон подобрување на здравиот и активен живот на младите во Општина Виница преку методологијата на спорт за развој, со цел да се подобрат можностите за неформално образование за деца и младинци во Виница, во насока на зголемување на социјалната инклузија и кохезија преку спортот.”

-информираше градоначалникот Миле Петков во оваа прилика.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace