Приведувањето на младиот човек за наводно праќање на заканите за бомби во скопските училиште не е само уште една грешка на полицијата на Оливер Спасовски.
Ова е удар против идеалот кој што овој млад човек го носи со себе, своето образование и својот капацитет.
Тоа што овој млад човек е дел од групата на conservative.mk тоа е вистинската цел која оваа ненародна власт сакаат да ја урнат.
Ова е порака за заплашување на сите оние кои имаат фундаментално различни погледи на светот од оние на овие бандити на власт!
Ваквата оркестрираност се наѕира и во унисоното блеење на сите пропагандни овци под палката на чобанот на Бихачка против овој млад човек.
И ниту еден слободоумен граѓани на Македонија не треба да остане игнорант на ваквиот напад на цел еден систем на вредности, затоа што империјата може да чукне и на ваша врата!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист