БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

Пренеси го гласот

На денешен ден 19 август во 1952 година е роден Македонскиот бележит актер Ненад Стојановски. Во неговиот плоден актерски живот Ненад Стојановски има одиграно голем прој на значајни филмски, театарски и телевизиски улоги кои што до ден денес и понатаму значат многу во македонската актерска дијалектика.

Ненад Стојановски уште во рамки на студиите по глума бил дел во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.

Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.

Добитник е на голем број високи награди во рамки на некогашна Југославија но и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје.

bregalnickimarketing

Зад себе ги оставил двете керки Ана и Јана кои што се особено талентирани актерки од бракот со актерката Силвија Стојановска.

Креирано од:


Пренеси го гласот