На денот кога се одбележуваат 144 години од кревањето на Разловечкото востание полковник Драган Ковачки од Армијата на Република Македонија во јавноста упати свој краток видео реферат за улогата и значењето на Разловечкото востание во Македонскиот војнички и генерален општествен историски контекст.
“Разловечкото востание е организирано и изведено самостојно и го означува почетокот на континуираната борба на Македонскиот народ за слобода и создавање на самостојна Македонска држава,”
-заклучува на крајот од својот видео реферат Драган Ковачки.
Тој во јавноста упати и свој дополнителен коментар со реторички упатени прашања за вредностите кои што до ден денес опстојуваат помеѓу гордиот и достоинствен непокорен Македонец:
“Втора половина на 19 век. Македонија е под власт на Османлиите. Источна криза, буни и востанија против Османлиите. Сиромаштијата, гладот, дополнети со теророт на Османлиите во Пијанец и Малешевијата, ја прават состојбата неиздржлива.
Под раководство на Димитар Поп Георгиев – Беровски, зет за ќерка на Поп Стојан, на 20 мај 1876 во Разловци, селаните ги убиваат турските даночници што биле дојдени во селото. Со тоа почнува востанието.
Тој ден оставил длабока трага во историјата и меморијата на нашиот народ. Нашите предци ни покажаа дека кога се бориш за правдина нема сила која може да те поколеба.
Се прашувам дали ние, нивните потомци, сме достојни да се носиме со нивните аманети?
Зошто денеска дозволуваме некој да се исмева и да ги валка чистиот пркос и родољубие?
Зарем не научивме дека тој што не си ја познава историјата е осуден да ја повторува?”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија