БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христина Смилевска-горда што потекнувам од долга семејна линија од Разловци- огништето на револуцијата и непокорот на нашиот народ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателката на Унијата на жени од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Христина Смилевска чии што корени потекнуваат од село Разловци, денеска по повод 144 годишнината од кревањето на Разловечкото востание упати своја порака во јавноста:

“Жив е оганот кој што разловчани го распламтеа во срцето на секој горд и непокорен Македонец во таа далечна 1876 година.
Денес кога одбележуваме 144 години од кревањето на Разловечкото востание, можам да кажам дека сум горда што потекнувам од долга семејна линија од Разловци и израсната во Разловци- огништето на револуцијата и непокорот на нашиот народ.
Слободарскиот барјак на разловчани вечно ќе живее во срцето на овој народ.
Нека е вечен споменот и делото на бесмртните јунаци кои станаа за слобода.🇲🇰”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace