Со превземање на функцијата во ЈКП “Водовод” во Кочани, новиот ВД директор Перо Георгиевски веднаш се зафати со реализација на повеќе проекти и активности во функција на подобрување на работата на претпријатието но и секојдневниот живот на жителите на Кочани. Во рамки на теренските работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа за периодот 10-19 август 2023 год. беа реализирани повеќе активности:
“
Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул. “Григор Прличев”, ул. “Охридска”, ул. “Раде Кратовче”, ул. “Поп Арсов Блаже”, ул. “1 ви Мај”, во с. Прибачево, во с. Оризари и други локации.
Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица исто така спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните места: чистење сифони на повеќе локации во градот, отпушување и чистење на улична фекалана канализација со мала цистерна со притисок и перење на истата во с. Оризари, контрола на фекални шахти на повеќе места во Кочани и рачно чистење на сливници во населените места околу Кочани.
Екипите на КЈП “Водовод” – Кочани посветено ќе продолжат да спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот и околните места со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до своите корисници за рационално користење на водата во овој период од годината кога имаме зголемени температури, за да се намалат дефеците на водоводната мрежа и да се овозможи функционирање на системот без рестрикции!”
-стои во информацијата упатена до јавноста за работата на КЈП “Водовод” во Кочани во изминатите неколку денови.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево