БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

Пренеси го гласот

Владата ужива каква-таква поддршка (сеуште) од

-партизираната администрација,

-партизирани т.н. здруженија,

-платенички медиуми,

-вработени во фирми на олигарси кои по било која основа добива финансиски инекции од владата,

-ранливи категории на граѓани на кои што егзистенцијата директно им зависи од доброволието на власта.

Ако некому се уште не му е јасно дека живееме во држава со распад систем во која најодговорни за ваквата состојба се владата и функционерите на партиите СДСМ, ДУИ, ДОМ, ДС, ЛДП и неколкуте останати доверители во ова акционерско друштво на грбот на народот, тоа се делови од овие таргет групи наброени.

Но сите тие треба да имаат во предвид дека

1) првовремено вредноста на платите кои ги земаат овие луѓе во администрацијата драстично опаѓа

2) администрацијата во која работат зема плата од стопанството и кога ќе секнат задолжувањата на идните генерации (тој ден е веќе дојден), ќе нема кој да го полни буџетот а со тоа и нивните плати ќе секнат,

3) до тој момент ќе биде исцрпен пензискиот фонд што и пензионерите ќе останат без своите пензии,

4) социјалната помош ќе биде сведена на социјалните случаи блиски до овие партии, така што армијата нови социјални случаи ќе се најде пред бездна и пред избор дали да скокне или не

4) Во такви услови на општ хаос кој е неминовен и пред се детерминиран од социјалниот немир државата, државните ресурси, природните богатства и човечката работна сила ќе ја изгубат својата вредност што де факто ќе биде пример на фирма во стечај која ќе биде понудена да ја купи некој странски инвеститор/и.

Ај сеа добро-итро и да повториме сите еден по еден:

-Аплауз за владата на Таче кој не знае а и не може да ја затвори оваа Пандорина кутија на след на настани,

-Аплауз на владата на Зоран Заев кој ја отвори оваа Пандорина кутија,

-Аплауз на владата на Никола Груевски кој му ја даде на дланка Пандорината кутија на Зоран Заев,

-Аплауз на владата на Бранко Црвенковски кој го трасираше голем дел од патот за да Пандорината кутија дојде во рацете на Заев,

-Аплауз за владата на Љубчо Георгиевски (што да се каже за овој човек и неговото владеење)

bregalnickimarketing

И НАЈГОЛЕМ АПЛАУЗ ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ОВОЗМОЖИЈА ОВИЕ ВЛАДИ ДА ГО НАПРАВАТ ОВА ДО КОЕ ШТО ДЕНЕС СМЕ ДОЈДЕНИ (ВКЛУЧИТЕЛНО И МЕНЕ САМИОТ).

И НЕ! НЕ Е РЕШЕНИЕ ДА ЈА ИГНОРИРАМЕ ПОЛИТИКАТА, ЗАТОА ШТО ВАКВИТЕ ЛИКОВИ СЕ ПОВЕЌЕ И ПОВЕЌЕ ЌЕ ЈА ЗАГЛАВАТ ДРЖАВАТА СО СЕ НАРОДОТ ВО БЕЗДНАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃАМЕ. ПОТРЕБЕН Е ПОЛИТИЧКИ АКТИВИЗАМ И ТОА КАКО!

СО БИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ВОДАЧИ КОИ САКААТ, ЗНААТ, УМЕАТ И МОЖАТ ДА ГИ ПРОМЕНАТ РАБОТИТЕ НА ПОДОБРО (А ТОА НЕ Е ЛЕВИЦА).

ВМРО-ДПМНЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПОЛИТИЧКА СИЛА КОЈА СО СВОЈОТ ИСТОРИСКИ КОНТИНУИТЕТ, НО И РЕАЛНА МОЌ НА ТЕРЕН МОЖЕ ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА СИТЕ ОВИЕ ПРОЦЕСИ КОИ СЕ ПРИСУТНИ ВО ДРЖАВАТА.

Обединувањето на мнозинството Македонци зад единствената политичка партија која во своето име има предзнак “Македонска” де факто и де јуре треба и мора да биде прв приоритет за секој еден кој мисли добро на Македонија. Таквото обединување не треба да значи амнестија на неправдите, грабежот на јавните ресурси, компромис со криминалци….

Таквото обединување треба да значи повисока граѓанска свест и одговорност за градење на подобри и системски пофункционални институции на државата со што би започнал тој толку многу фамозен процес за ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА.

Таа повисока граѓанска и Македонска свест треба да почне да се развива на следните парламентарни избори.

Со секој глас на изборите секој од нас треба да каже во каква држава сака да живее?

Во овој континуитет што до сега го имаме т.е. немаме, или во еден нов систем на државотворност која извира од срцата и душите на Македонските граѓани.

Тоа што Христијан Мицкоски даваше, дава и веројатно ќе продолжи да дава можност и шанса за еден Македонец да се покаже, докаже, наметне со својот став, размислувања и постапки, НЕ Е СЛАБОСТ! Тоа е доблест на човек кој што знае дека малкумина останавме за да продолжиме да се делиме како Македонци. Од секој еден зависи на кој начин ќе биде употребена таа подадена рака за јавното добро на секој граѓанин.

Оттука неговата подадена рака на секого е повик за обединување со сите оние кои сакаат да направат нешто добро за заедницата, за општеството, за државата…

Ние немаме резервна татковина за да бидеме игноранти за свесноста на нашата историска улога во современието во кое живееме.

Помеѓу членството, симпатизерите и активистите во ВМРО-ДПМНЕ има големи емоции, големи карактерни особености кои се логичен историски след на вековната борба за слобода со сите нејзини жртви. И затоа десничарскиот предзнак и конзервативизмот се составен дел од битот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа било и ќе остане главна карактерна црта на организацијата.

Но ВМРО-ДПМНЕ истовремено беше и мора и во иднина да биде отворена за нови сили, нова енергија, нови луѓе, со целосен пиетет и свесност за улогата и значењето на сите оние кои поминале низ нејзините штабови. Тоа е начинот на напредокот, начинот на победите и обединувањето за подобра иднина.

Пишува: Анастасов Кирчо

Креирано од:


Пренеси го гласот