БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заврши асфалтирањето на улиците „Смилевски Конгрес“ и „Маршал Тито“ во с. Грдовци, кочанско

Пренеси го гласот

Деновиве како дел од дадените ветувања за граѓаните, градоначалникот на општина Кочани објави завршување на реконструкција и изградба на нови улици за жителите на општината.

Заврши асфалтирањето на две улици. во Кочани и село Грдовци со што граѓаните добиваат подобри услови за сообраќај како во градот, така и во селото Грдовци, помалку кал и прашина.

Улицата „Маршал Тито“ во село Грдовци беше реконструирана и асфалтирана заедно со краците, со вкупна должина од 350 метри.

Исто така завршено е и асфалтирањето на новоизградената улица „Смилевски Конгрес“ во Кочани во должина од 186 метри. Во склоп на изградбата на улицата, на десната страна од улицата изработен е тротоар од бекатон плочки, нов паркинг простор, а поставено е и ново јавно осветлување.

Креирано од:


Пренеси го гласот