Костурско 1874, а загинал на 20 jули1913 година) е една од наjголемите легенди на Илинденското востание. Тоj е и еден од наjзнаменитите деjци на ВМРО, близок соработник и приjател на Гоце Делчев, соборец на Даме Груев итн. Учествувал на Смилевскиот конгрес како член на Горскиот началство, учествувал во сите позначаjни акции за време на Илинденското востание во Костурско и раководел со наjголемата востаничка чета, не само во Костурскиот округ, туку во цела Македониjа.
Имено, неговата чета достигнала броjност од над 2.000 востаници. Тоj бил вистински хероj на Македонското востание, бестрашен борец, напоен со револуционерен дух и оптимизам, бескомпромисен и автономен, пасиониран водач за идеите на слободна и независна Македониjа.
Непосредно со организирањето и водењето на костурското население, кое масовно зеде учество во Илинденското востание, Чакаларов се истакна и во борбата со грцизмот, што во периодот пред востанието и по задушувањето на востанието, се повеке се ширеше со единствена цел да jа заземе целата територија на Македониjа и да jа присоедини кон Грциjа, што и се случи по Балканските воjни, како хероjски загинал легендарниот воjвода воедна жестока битка на неговата чета со грчките воjници. Во повиците на jуначки загинатиот воjвода, неговите соборци jа нашле четвртата тетратка од неговиот Дневник, што почнал да го пишува уште пред Илинденското востание. Овоj драгоцен Дневник, во доста оштетена состоjба, бил со голема љубов чуван од своите соборци, кои азил нашле во Бугариjа и кои го предале на помладите патриоти.
Покраj потресните и веродостоjни сведоштва, чудесните описи за движењето и борбите на неговата чета, особено заземање на Клисура и Невеска, ,,што преставува крупна победа на востанието”, како што стои во Историjата на Македонскиот народ, книга втора, во овоj Дневник откриваме и еден голем литературен талент, особено во оние фрагменти каде што пишува на костурски диалект, што преставуваат и вистински антиципациjа на модерната македонска проза, особено на т.н.,,егеjска тематика”.
Преку овоj Дневник го откриваме и стремежот на Македонскиот народ за своjа слобода, видена со очите на еден од наjголемите македонски борци и интелектуалци од тоj бурен период на нашата национална историjа.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сонував дека сум цар. Се разбудив и се уште бев цар- на денешен ден замина последниот Македонски цар
На денешен ден во центарот на Штип револуционери на ВМРО го убиваат генералот Михајло Ковачевиќ
На денешен ден пред 1010 години починал Македонскиот Цар Самуил