БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Демократија“ од Јосиф Бродски премиерно во Прилепскиот театар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Демократија“ од Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески. Се работи за македонска прва изведба на единственото драмско дело на поетот, есеист и публицист Бродски, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата и на Нобеловата награда за литература од 1987 година. -„Демократија“ е единствено драмско дело на Бродски напишано во 1989 година во турбулентно политичко време, распаѓањето на Советскиот Сојуз и паѓањето на Берлинскиот ѕид.

Дејството се случува во една мала тоталитарна држава, која поради историските околности треба, преку ноќ, со декрет да воведе демократија. Од искуство знаеме дека транзицијата е идеално време за злоупотреба на демократијата и може одлично да послужи за задоволување на сопствените, главно, материјални интереси на политичката елита.

Таа има пристап до изворите за богатење, додека великодушно од нејзината пребогата маса фрла трошки за народот” – рече Петрески.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во претставата играат Михајло Миленкоски, Марјан Чакмакоски, Димитар Ѓорѓиевски, Ангела Наумоска и Димитрина Мицкоска. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, автор на музиката е Марјан Неќак, а драматург Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace