Зоран Биковски од НВО “КХАМ” Делчево имаше своја плодна дискусија во Македонскиот Парламент во рамки на расправата за потребата за носење на нов закон за социјална заштита во државата.
Тој меѓу другото истакна:
Да ги заборавиме популистичките мерки што беа присутни некое време: одмори за лица со ниски примања итн. Треба да ги насочиме парите пред се, пратениците кој што носат одлуки и владата да бидат насочени токму кон оние на кои што ќе им бидат најпотребни,
-соопшти Биковски.
Притоа долгогодишниот граѓански активист во сферата на здравството и социјалната заштите во својата дискусија предложи формирање на Координативно тело во кое ќе се работи на регионален рамномерен развој.
Ако се зборува дека се има отворено 18 фабрики, јас ќе ви кажам, во Делчево нема ниту една странска инвестиција. Зошто да нема 30% субвенции за нови работни места во селските средини, зошто младинската гаранција да не биде во Источниот плански регион? Зошто координирано да не се лекува сиромаштијата?
-поентираше со своите предлози Биковски.
Погледнете ја дискусијата на Зоран Биковски превземена од фејсбук страната на НВО “КХАМ” Делчево во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спецификата и убавината на “Ѕвегорска сурова” вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Наближува Православна Нова Година. Таа во село Ѕвегор (Делчевско) се празнува најавтентично
По обилните врнежи од снег во Кочани – КЈП „Водовод“ на терен со расчистување на улиците и тротоарите