Општина Виница објавува повик за изразување интерес на завршени средношколци, како кандидати за упис на студенти на Универзитетот за туризам и менаџмент–Скопје.
Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу општина Виница и Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје ќе додели 15 стипендии на студенти од општина Виница кои ќе бидат запишани на додипломски студии во академската 2022/2023 година, за четиригодишни студии(економски, туризам, меѓународен маркетинг, човечки ресурси, информатика и претприемништво), со целосно покриени трошоци за студирање.
Изборот на пријавени кандидати кои ќе бидат предложени за упис на студенти на Универзитетот за туризам и менаџмент–Скопје, ќе го спроведе Општинска Комисија од редовите на општинската администрација, за разгледување на документација од изразен интерес на завршени средношколци, преку формирани критериуми за избор.
Заинтересираните кандидати да се пријават на тел. 078/496-610 Валентина или тел. 070/950-982 Дарко од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот или на маил: valentina.paunkovska@yahoo.com или darkojangelov@yahoo.com, НАЈДОЦНА до 15 август.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мислимe не може полошо- се лажемe: Врховниот суд пред одлука што може да го урне македонскиот економски систем
Kрис Павловски донираше еден милион денари за семејствата и настраданите
Тошковски: Секој еден којшто допринел за оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија ќе одговара, нема да е како досега во случаите