Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

115 години Непокор. 115 години сведоштво на непобедените. 115 години од битката на Ножот!

Пренеси го гласот

Денеска се навршуваат 115 години од легендарната битка на врвот Ножот над Прилеп која се случила на 14 Јули 1907 година.

Многу историски текстови, литературни и музички творби се посветени на оваа речиси митолошка случка од крвавата и револуционерна борба на Македонскиот народ.

Токму овој и сличните вакви историски настани сведочат за непобедениот дух на нашиот народ, кој опстојувал секогаш низ историјата, дури и во најтешките времиња. Херојството, непрекинатата борба, доследноста на идеите за слобода или смрт, опстанале токму поради овие луѓе и сличните на нив кои животот го положиле за слободата на својот народ и со својата крв ги полеале падините на пространите планински масиви од чии што изворишта потекле слободарски реки за сите идни времиња.

Кога надлежните начелства и војводите одговорни за акцијата на обединетите чети на ВМОРО против српската пропаганда во регионот на Мариовски ја увиделе опасноста од надоаѓањето на турскиот аскер издале наредба преку своите курири за групно повлекување на распоредените чети на Никодимската висорамнина.

Од војводите на самите чети распопредени на “Ножот”само била испратена следната порака:

Ќе им кажете на војводите дека Костурчани го сметаат решението на војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опкружени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот.

Во овие зборови е содржана суштината на Македонската револуционерна борба на сите оние кои ја положиле светата заклетва “Слобода или смрт”.

Во битката кај “Ножот” згаснале животите на вкупно 67 комити од четите на војводата Атанас Попов и Трендафил Думбалаков од кои 45 на самиот врв “Ножот” во херојска маченичка смрт гради во гради со Енвер Бег а останатите во спорадични престрелки околу планината.

Атанас Попов (Шестеово, костурско),

Милан Петров (Топличанец од Топлица),

Димко Јованов – Газдата (Прилеп),

Трендафил Думбалаков (с. Сухo, солунско),

Трендафил Думбалаков

Најдо Андреев Арсовски (Папрадишта, велешко) и

Петко Којчев (Панаѓуриште),

Дочев Тодор Т. Чалницки,

Тане Николов од Хасково,

Владимир Куртев од Плевен,

Константин Ќуркчиев од Преколница, Кустендилско,

Михал Ѓуров, Кочо Славов, Петко Буналов и Димитар Дојчинов од Стара Загора,

Никола Василев и Георги Дочев од Казанлак,

Никола Болгуров, Костантин Аврамов и Никола Пенев од Чирпан,

Петко Д. Бојчев, Тоњо Желев и Неделчо Монев од с. Свобода, Старозагорско, Никола Тенев от Крнча и Кољо Тенев од с. Љубенова маала

-се дел од имињата на хериоте кои загинаа во една од најлегендарните битки на Македонскиот народ во историјата. Имињата на останатите загинати се непознати.

Креирано од:


Пренеси го гласот