БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изградени тротоари на три локации во општина Виница. Граѓаните добиваат реализација на нивните ветувања

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатиот период општината Виница во рамки на програмата за работа на градоначалникот Миле Петков заврши со реализација на нови тротоари на три нови локации.

Поплочување со бетонски бекатон павер елементи добија улиците “Никола Карев” и “Јане Сандански” како и влезот на селото Јакимово каде што сега пешаците ќе имаат можност побезбедно минување на овие прометни делници на сообраќајници.

Притоа ваквата реализација на преостанати делници е во тек и ќе бидат реализирани повеќе делници на улици во повеќе населени места во општината.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ Предизборните ветувања ги реализираме!

➡️ Во тек е поплочување на улици во населените места во оваа фаза ќе бидат опфатени улици во Истибања, Липец, Блатец, Пекљани, Драгобраште и Трсино.

🔜 Наредната недела започнуваме со асфалтирање и реконструкција на улици во Виница и населените места. Во оваа фаза согласно Договорот кој Општина Виница го има склучено со фирмата “Стоименов” од Кочани ќе бидат опфатени реконструкција на ул. “Ангел Винички, асфалтирање на дел од ул. “Кирил и Методиј” крпење на ударните дупки во градот, асфалтирање на 2 улици во с.Градец и асфалтирање и реконструкција на 2 улици во с.Блатец.

👉 Паралелно работиме на СИТЕ приоритетни(капитални) проекти од изборната програма и на огромен дел од останатите проекти од изборната програма за која #Гарантираме. Некои од нив се во тек, за некои подготвуваме проектна документација, урбанизација или аплицирање/обезбедување на финансиски средства.”

-информираше градоначалникот Миле Петков во врска со реализацијата на овие значајни инфраструктурни проекти за граѓаните во општина Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace