БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ Виница против интересите на граѓаните во општинскиот совет

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На последната седница на Советот на Општина Виница советниците од редовите на СДСМ не ја поддржаа одлуката за давање на правото на користење на мержата на јавното осветлување на територијата на општина Виница на јавното претпријатие Кале од с. Блатец. Со тоа општината ќе биде соочена со сериозни финансиски последици поради зголемувањето на цената на струјата.

Вакков е ставот на градоначалникот Миле Петков во врска со неодговорното политичко дејствување на советниците на СДСМ во општинскиот совет со кое граѓаните на виница ќе бидат приморани да плаќаат повеќе пари за улично осветлување преку општинскиот буџет.

“Почитувани сограѓани мора да го истакнам моето разочарување од советниците од советничката група на СДСМ и Коалицијата кои на последната седница на Советот на Општина Виница се ставија спротивно на интересите на Општина Виница и на граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со нивното негласање на Предлог-Одлуката за давање на правото на користење на мрежата на јавното осветлување на територијата на Општина Виница на ЈП Кале од с.Блатец, општината ќе се соочи со сериозни финансиски импликации како резултат на драстично зголемената цена на електричната енергија која општината моментално ја набавува на слободниот пазар.

Само за месец август Општина Виница има добиено сметка за струја зголемена за 1,1 милион денари споредено со месец јули, поради тоа се одлучивме да побараме од Советот да ни дозволи префрлање на правото на користење на мрежата на јавното осветлување на ЈП Кале-Блатец, кое ги исполнува условите да учествува на регулираниот пазар за електична енергија, со што општината ќе плаќаше најмалку 3 пати поевтина струја.”

-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

Но нема да застанеме тука, во најскоро време ќе се обидеме на друг начин да дојдеме до набавка на електрична енергија на регулираниот пазар и со тоа да заштедиме десетици милиони денари пари на граѓаните на Општина Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот