Во утринските часови се случи дефект на главна водоводна линија која врши водоснабдување со вода за пиење на жителите од населбата Сењак во Штип.
Надлежни екипи на ЈП “Исар” Штип веднаш излегоа на терен и интензивно работат за справување со дефектот, по што граѓаните во најкус можен рок ќе ја добијат неопходната вода за нивните домаќинства.
“ИЗВЕСТУВАЊЕ !!
Поради дефект на водоводна линија водоснабдувањето до завршувањето на работните активности ќе биде прекинато во населбата Сењак 4.
Ви благодариме на разбирањето.”
-информираат од менаџментот на ЈП “Исар” Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје