БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Не запираат активностите на вработените на ЈП “Стипион” Штип, во функција на подобрување на стандардот за живеење во општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И со почетокот на месец октомври со што временските услови почнуваат да се влошуваат за работа на терен, вработените на јавните претпријатија во Штип продолжуваат со своите планирани активности на терен. Во текот на вчерашниот ден екипи на вработени во Јавното Претпријатие “Стипион” Штип работеа на повеќе локации во општината, во реализација на повеќе активности и зафати со кои се овозможува подобри услови за живот на граѓаните на општината Штип.

Вчера започнаа активности за дефинирање на нов кружен тек кај црквата “Св. Никола” со кој што ќе се обезбеди поголема проточност на сообраќајот, но и ќе бидат подобрени и сообраќајните услови за возачите.

📌Дневни активности на Стипион 04.10.2022

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ Работа за нов кружен тек кај црквата св. Никола

✅Целосно заврешена работа на спортско рекреативниот центар Дузлак ( завршни работи)

✅ Целосно завршено санирање на атмосферски канал на улицата Еврејска

✅ Уредување околу споменик во паркот К’ртеќе”

-стои во извештајот за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” за ден вторник 04.10.2022 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace