БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова е програмата за прослава на утрешниот празник Павловден во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод православниот христијански празник “Павловден” кој што е празник на градот Виница, утре- среда на 13.07.2022 година ќе се одржи целодневна свечена културно уметничка програма за сите граѓани на општината.

Програмата започнува во 08.00 часот наутро во црквата “Св. Архангел Михаил” со света архиерејска литургија која што потоа ќе продолжи со света литија по улиците во Виница.

Во 10.30 часот ќе започне свечената седница на Советот на општина Виница во рамки на која ќе се доделат признанија и награди по повод празникот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во текот на денот ќе бидат застапени повеќе културно-уметнички настани и изведби како и изложби и промоција на книги.

Програмата ќе заврши во 22.00 часот со баскер-уличен перформанс на Кристијан Бенито.

Креирано од:


Пренеси го гласот