БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Промовирана сензорна соба во Дневниот центар за лица со телесна и интелектуална попреченост во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница во текот на вчерашниот ден беше во посета на просториите на Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Виница каде што завршија сите предвидени работи за уредувањето самите простории и сензорна соба која што има намена за социјализација и интеграција во образовниот систем и во општеството на лицата-штитеници на центарот.

“Дневниот центар е од големо значење за општина Виница затоа што тој помага во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како ранлива категорија на граѓани.

Иако дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост работи во рамките на Службата за услуги од социјална заштита при Јавната установа центарот за социјална работа – Виница, општината работи на сеопфатно и инклузивно општество, секако ги помага и најранливите категории на граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во таа насока е и изградбата на сензорната соба со која на корисниците во центарот, но и на лица од надвор ќе им се овозможи подобра социјализација и интеграција во образовниот систем и во општеството.

Ова беше и повод за посетата на Дневниот центар од заменик Министерот на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин каде на лице место се увери дека сите активностите се завршени, просторот е целосно реконструиран и опремен.

Имено, од oпштина Виница е подготвена апликацијата (Барањето) по јавниот оглас за финасирање на проекти за изградба, проширување, реконструкција и адаптација на капацитетите за дневно згрижување и капацитетите за давање на социјална услуга, за средства од Буџетот на МТСП.

Во рамките на проектот беше предвидено уредување на просторот во дневниот центар (како обврска на општината) и опремување на сензорна соба (опрема обезбедена од страна на МТСП).”

-соопшти градоначалникот Миле Петков во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace