Првата година од мандатот на градоначалникот на општина Виница Миле Петков помина релативно бргу за секој друг граѓанин, освен за луѓето од неговиот тим кои што макотрпно работеа на реализација на проектите за граѓаните.
Посветената работа во функција на врвниот приоритет на градоначалникот да обезбеди подобар живот за секој граѓанин на општината во секое населено место, доби свој извештај во вид на Отчет пред жителите на Виница и целокупната Македонска и поширока јавност.
Од општина потоната во долгови и проблеми оставени од претходната власт, градоначалникот Петков успеа да создаде институција која е фокусирана и посветена во служба на граѓаните.
И сето тоа врз основа на вредностите со кои што градоначалникот Петков успешно се раководи во неговиот досегашен професионален живот, сега пресликани во градоначалник кој што знае да го послуша гласот на граѓаните и да овозможи решавање на нивните барања и потреби.
Во Отчетот за едногодишното работење на градоначалникот Миле Петков се застапени буквално проекти кои што се однесуваат за подобрување на животното секојдневие за секој еден жител на општината.
Дали станува збор за проекти од комуналната и сообраќајна инфраструктура, проекти од областа на заштита на животната средина забележлива е разликата во споредба со едни минати времиња од не така одамна на безидејност и неспособност.
Тука се и проектите од областа на културата, спортот и образованието, противпожарната заштита, урбанизмот и многу други.
[Best_Wordpress_Gallery id=”178″ gal_title=”365 дена Промени што носат иднина : Миле Петков- Градоначалник на Виница”]И онака како што доликува на вистински градоначалник кој што својот легитимитет го црпе директно од граѓаните, Градоначалникот на Виница даде свој отчет во рамки на првиот политички саем на реализирани проекти за граѓаните во државата организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Отчетот веруваме дека ке стигне до секој граѓанин за да го препознае својот омилен проект од мноштвото проекти реализирани изминатата година од страна на локалната самоуправа.
Во продолжение го пренесуваме обраќањето на градоначалникот Миле Петков на саемот на проекти одржан пред очите на целокупната македонска јавност.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда
Туристичките работници убаво да се подготват за зголемен прием на турските туристи на Охридскиот аеродром за наредната сезона