БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Агенда на дневни активности на вработените во ЈП “Солидарност” Виница 11.08.2022 год.

Пренеси го гласот

Вредните раце на вработените во Јавното претпријатие “Солидарност” во делот за јавна чистота со голема посветеност и многу труд секојдневно ги облагородуваат јавните простори за подобар животен стандард на сите граѓани на општина Виница. Тие се главните “виновници” што граѓаните имаат исчистени улици, тротоари, паркови, канали, заработувајки парче леб за себе и своите семејства. Овие луѓе ја заслужуваат целата почит на виничани. Во рамки на денешните работни активности на вработените во ЈП “Солидарност” меѓу другото се наоѓаат и интервенциите на постојната комунална инфраструктура во одредени населби во градот Виница:

“Дел од дневните активности на ЈП „Солидарност“ Виница на 10 и 11.08.2022 година:

✅ Санација на дефекти на ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Димитар Влахов“

✅ Пополнување на дупки после дефекти на ул.„Браќа Миладинови“

✅ Чистење на Градски парк

✅ Косење на Градскиот стадион и Виничка река”

-информираат од ЈП “Солидарност” Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот