Нови, современи и репрезентативни проекти никнуваат за жителите во секоја населба, во секое населено место во Штип!
Директорот на Јавното претпријатие “Стипион” Штип Игор Ефтимов на социјалните мрежи објави фотографии од новиот спортски терен уреден за потребите на граѓаните на населбата Дуизлак и реакциите на граѓаните во јавноста се повеќе од позитивни.
Интензивно, секој ден локалните власти предводени од градоначалникот Иван Јорданов ја исполнуваат својата предвидена агенда за реализација на проекти кои се потреба за граѓаните во сите населени места на микро ниво низ градот Штип и останатите рурални населени места.
Во Штип како и насекаде низ државата има голем фронт за работа и покрај наметнатите проблеми од општите поскапувања и целокупната неповолна економска состојба во државата, сепак градоначалникот Јорданов успева со својот тим да наметне завидно темпо на реализација а резултатите веќе се чувствуваат со неполни 10 месеци од превземање на локалната власт која граѓаните на Штип ја доверија на ВМРО-ДПМНЕ и на него како градоначалник.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”