БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија

Пренеси го гласот

Од ѕидовите на Македонските свети објекти, вековните камења по кои се распознава Македонија, штитовите и облеката на Македонската Фаланга создадена од една од најмоќните и најзначајни династии во историјата на човечката цивилизација- династијата на Аргеадите, преку старите цркви, манастири и останати духовни објекти, на 11 август 1992 година шеснаесет зрачното златно-жолто сонце на црвена подлога како вековен симбол на препознавање и себеидентификација на Македонците беше прогласено за официјално знаме на Република Македонија.

Сплетот на околности со обидите на сите негатори и противници на Македонскиот идентитет и постоење од тој момент за бришење на овој идентитетски симбол продолжија и до ден денешен, а веројатно ќе продолжат се додека постои и последниот Македонец.

Но едно е сигурно! Македонија и Македонското постоење и од гробовите на секој еден Македонец ќе продолжи да свети со светлината на овој симбол за да го осветли светот со својот дух.

Амин.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот