На 10.08.2022 година од страна на полициски службеници Регионалниот центар за гранични работи Исток и Полициска станица за граничен надзор Пехчево, во с.Двориште – Општина Берово во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“ спроведена е превентивна активност – средба со граѓани на тема „Сезона без пожари 2022 “ и „Делумна забрана за движење во шума“.
Активноста е спроведена во соработка со месната заедница с.Двориште, заедно со претставници од ПСШ „Малешево“ Берово и Шумска полиција Берово.
Присутните беа запознаени со причините и последиците од настанување на пожари на отворен простор, заштита од пожари и навремено информирање при забележување пожар на бесплатните телефонски броеви (112, 192 и 193). Исто така, присутните граѓани на средбата беа информирани за делумната забраната за движење во шума и за постапката за вадење на дозволи за движење во шума.
За време на превентивните активности на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Извор: МВР


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево