На денешен ден во 2001 година во класична терористичка заседа кај месноста Карпалак загинаа 10мина Македонски бранители.
Ова е најбројната загуба на Македонски синови во една терористичка акција во војната во 2001 година кога 10 мина армиски резервисти загинаа а уште тројца беа повредени во заседа на УЧК. Конвојот од 2 транспортни автобуси, хермелин, камион и комби од Прилепската касарна беа пречекани од заседа на автопатот Скопје- Тетово од страна на добро организирана банда на терористи на УЧК во 09.30 часото утрото под жесток оган.
Индикативно е што конвојот патувал без соодветна придружба а заседата била однапред поставена и планирана што наведува на предавство во редовите на Македонската армија, но до ден денес никој не понесе одговорност за ваквата несоодветно изведена акција од македонските безбедносни сили.
Два дена пред да се случи терористичкиот чин од месноста Карпалак од страна на командни структури во МВР без објаснување и причина бил повлечен контролен пункт со безбедносни сили кој бил стациониран таму а притоа не била известена командата на армиските сили.
Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.
Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.
Конструкцијата на терористичкиот чин кај Карпалак е организирана акција за постигнување на политички цели во контекст на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој започна деконструирањето на Македонската современа држава.
Имињата на мачениците кои загинаа тој кобен 8-ми август 2001 година за својата Македонија се:
- Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
- Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
- Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
- Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
- Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
- Ердован Шабаноски († 20) ─ од Прилеп
- Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
- Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
- Веби Рушитоски († 26) ─ од Прилеп
- Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наместен од УДБА на денешен ден на лов на дивеч загинал Васко Карангелевски
Бугарски аналитичари: Мицкоски е прв кој како премиер го подигна Македонското прашање на меѓународно ниво
Историска генеза на одбележувањето на денот на кревањето на Разловечкото востание