БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димче Атанасовски: Реализиравме над 250 проекти кои директно придонесуваат за поквалитетен живот на каменичани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска на прес конференција ги информираше своите сограѓани како и целокупната Македонска јавност за мноштвото реализирани проекти во рамки на неговото досегашно тригодишно работење на најзначајната локална функција во општината.

Според пренесените информации во неговата прес конференција станува збор за реализација на над 250 проекти кои што општината заедно со локалните институции кои се под негова ингеренција ги реализирале во изминатите 3 години во интерес на подобрувањето на живеачката и стандардот на каменичани.

Како еден од најважните приоритети на градоначалникот Атанасовски во изминатиот период од неговиот досегашен мандат фокусот на него и неговиот тим биле да се обезбеди сообраќајна, водоводна и канализациона мрежа до секое населено место во општината, вклучително и големиот број на маала што се присутни во руралните места.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исто така голема енергија градоначалникот вели дека посветиле на разеленување и осовременување на урбаниот изглед на самиот град Македонска Каменица кој што со право го носи епитетот најзелен град во Македонија.

“Покрај сите предизвици и потешкотии со кои се соочивме во изминатите три години, останавме на трасираниот пат и градиме поубава и посигурна општина.

Си поставивме високи цели и со многу енергија, ентузијазам, идеи и визија тргнавме во трајно решавање на најелементарните и најгорливите проблеми на каменичани.

Наша определба беше и останува изградба на патна, водоводна и канализациона инфраструктура во секое населено место во општината и денес, со огромно задоволство изјавувам дека во најголем дел овие прашања се затворени или ќе бидат реализирани во годината пред нас.

Македонска Каменица, денес, е синоним за урбана средина и е најзелен град во државата!

Наша најголема заложба е да изградиме општина во која ќе се живее поубаво, полесно и посигурно. Ќе ги завршиме ветените инфраструктурни проекти и веднаш ќе се насочиме кон реализација на проекти за младите.

Приритет ќе ни биде и реконструкција на Здравниот дом, реконструкција и изградба на нови содржини на градскиот базен, нова општинска зграда, инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и подобрување на визуелниот лик на градот и создавање на ултра модерна општина.

Продолжуваме силно и посветено затоа што сите наши жители заслужуваат подобра иднина!”

-вели градоначалникот во врска со неговиот Отчет пред граѓаните од кои ја доби довербата, честа и одговорноста да биде градоначалник на Македонска Каменица на изборите во 2021 година.

Целит прес на Градоначалникот Атанасовски со многуте проекти и фактографски податоци може да го проследите во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace