БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Доброволното противпожарно друштво во Кочани одбележа две години од формирањето

Пренеси го гласот

Со целодневна програма, во саботата, на 16 септември, Доброволното противпожарно друштво – Кочани одбележа две години од формирањето.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, во своето обраќање на прославата го истакна значењето на Доброволното противпожарно друштво, со кое изминативе две години Кочани и регионов добија силна поддршка и заштита. Заблагодарувајќи им се за сите заложби, за времето и трудот што го посветуваат, градоначалникот повика да продолжат да го шират духот на добра волја и солидарност меѓу нашите сограѓани и да слават големи јубилеи.

Во рамките на програмата беа организирани Првите доброволни противпожарни игри на кои настапија екипи составени од доброволни противпожарни друштва од Македонија и гости од Србија и Хрватска, како и Мини олимпијада за најмладите, на која со свои екипи учествуваа сите основни училишта од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Во Градскиот парк беа изложени најновите модели на противпожарна заштитна опрема и опрема за интервенции, а во културно-уметничкиот дел, кој траеше до доцна навечер, учествуваа учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“, деца од градинката „Павлина Велјанова“, Енерџи фит клубот, АТМИ „Митко Алексов“ и Јордан Манов Трио.

За работата на Доброволното противпожарно друштво, Општина Кочани обезбеди финансиска и материјална поддршка за возила, интервентна опрема и простор. Во знак на поддршка и придонес кон развојот на друштвото, ДПД – Кочани му додели благодарница на градоначалникот Папазов.

Креирано од:


Пренеси го гласот