Од денеска на сметките на функционерите на власта ќе легнат за 78% покачени плати кои што изнесуваат над неколку илјади евра.
Талат Џафери како функционер на ДУИ во улога на претседател на Собранието ќе прокнижи на своја сметка нешто помалку од 170 илјади денари и ќе биде највисоко платен функционер во Македонија. Веднаш по него во износ на плати “во грб му дишаат” Претседателот на државата Стево Пендаровски избран од редовите на СДСМ како и премиерот Димитар Ковачевски со 156 илјади денари плата.
Веднаш зад нив се вицепремиерите во владата на Ковачевски со нешто повеќе од 2 илјади евра плата.
Просечната плата во државата чиј што раст беше предизвикан од одлуките на владините функционери е причина за растот на нивните плати по одлуката на Врховниот суд изминатиот месец.
Во своите вчерашни честитки до работниците по повод 1 Мај- Денот на трудот овие функционери со нивните нови плати не кажаа ни збор за разликите во нивниот личен животен стандард со оној на работниците.
Прилог на Канал 5 ТВ во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!