БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер.

Фокусот на разговорите беше ставен на економијата, енергетската сигурност и регионалната стабилност, при што беше потенцирана поддршката за европската интеграција на Македонија и важноста од зајакнување на енергетската поврзаност.

Во рамки на политичкиот состанок, на кој присуствуваа и претставници на австриската влада, се отворија теми поврзани со зелената транзиција, одржливите политики и новите енергетски модели.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерката Божиновска порача:

„Енергетиката денес е прашање на стабилност, безбедност и геополитичка позиција. Македонија има јасна амбиција да се позиционира како регионален енергетски јазол, преку интерконективност, диверзификација и силен инвестициски циклус во обновливи извори. Нашата порака е јасна – ние сме партнер што нуди предвидливост, стабилност и конкретни можности за инвестиции.“

Во продолжение на посетата, делегацијата одржа и економски состанок со претставници на водечки австриски компании, при што беа разгледани конкретни можности за инвестиции, технолошки трансфер и продлабочување на економската соработка.

Средбите испратија јасна порака дека економската соработка меѓу двете земји има силен потенцијал за раст, со конкретен интерес за нови инвестиции и долгорочно партнерство.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace