БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера вечер, среда, 29.10.2025 година со почеток во 19.00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа спектакуларен настап на Ансамблот “Македонија” пред делчевската публика.

Повеќе од еден час присутната публика во концертната сала уживаше во фолклорната магија која ја пренесоа уметниците од овој реномиран универзитетски ансамбл кој што работи како дел од УГД “Гоце Делчев” во Штип под раководство на Проф Д-р Владимир Јаневски.

Богатството на материјал и текстура, во нивната најавтентична форма на носиите кои продефилираа на сцената остави гламурозен впечаток пред делчевската публика, а разиграноста на музичкиот колаж кој што беше отсвирен од срце и душа на монументалниот оркестар на сцената во Спомен Домот АСНОМ во Делчево, беа доволна мамка за да овој настан остане во трајо сеќавање на посетителите. Но, ова уметничка подлога беше само функционална рамка на која се надгради за време на настапот тоа што се вика флуид на непосреден однос на изведувачите на кореографиите на сцената со присутната публика.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Неминовни беа насмевките, очигледната возбуда, накострешените сетилни чувства и како крешендо на концертот стоечките овации со бурен аплауз од делчевската публика.

Настанот во еден миг заврши, тоа што беше повеќе од час, помина за момент, но публиката седна на своите столчиња и очекуваше повеќе.

Вредна љубов помеѓу публиката и уметниците од Ансамблот “Македонија” се претвори во свет завед за некој нареден концерт кој што со сигурност ќе биде очекуван да се случи во најскоро време.

Концертот на Ансамблот “Македонија” беше во организација на Националната установа Центар за кулура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево и се придодава на богатото реноме изградено на впечатливи и незаборавн културни настани кои се организираат во изминатите неколку месеци од оваа културна установа.

Ансамблот “Македонија” е идентитетска вредност од непроценливо значење за целиот Брегалнички регион и пошироко во државата но и на меѓународната сцена. Енергијата, љубовта, изградената духовна карактерност кои беа пренесени пред делчевската публика на самите уметници се неприкосновен аргумент за тоа како се сака и како се негуваат исконските вредности на нашето постоење и битисување на овие простори.

Вчерашниот настан комотно може да се вброи во најзначајните настан кои се случиле во Делчево во изминатите повеќе години, а определбите на менаџментот на организаторите НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево е ваквата нагорна линија на афирмација на вистинските културни вредности во периодот кој петстои да продолжи со уште поголем интензитет и квалитет.

Ансамблот МАКЕДОНИЈА е репрезент на македонската традиционална култура. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци, со кого раководат стручни лица од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење. Младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетски код на еден народ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace