БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

14 години вернос и вредност: Компанијата Брегал со емотивна порака до својот довчерашен вработен, денес градоначалник на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Приватната компанија “Брегал” ДОО Делчево преку социјалните мрежу упати силна емотивна порака во јавноста во врска со довчерашниот свој вработен менаџер кој денес официјално стана градоначалник на Делчево Иван Гоцевски.

Иван Гоцевски беше дел од оваа приватна компанија долги 14 гаодини и еден од најзаслужните за успехот на работата на оваа компанија која има изградено препознатлив имиџ на успешна и динамична компанија на меѓународна сцена не само во Македонија.

“ПОСВЕТЕНОСТ, ВЕРНОСТ И ВРЕДНОСТ – 14 ГОДИНИ СО ИВАН ГОЦЕВСКИ –Ivan Gocevski

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Постојат луѓе кои оставаат трага – не само со својата работа, туку и со начинот на кој влијаат врз сите околу себе.
Таков човек е Иван Гоцевски.

По цели 14 години посветеност, професионализам и искрена човечност, Иван ја завршува својата успешна приказна во Брегал ДОО – компанија во која порасна, се изгради и остави длабок белег.

Иван, ти благодариме за сите години исполнети со работа, идеи, енергија и искреност. За секој проект, секој предизвик и секој момент што го сподели со нас.
Горди сме што бевме дел од твојот пат и што го гледаме твојот следен чекор со истата гордост – како идниот градоначалник на Делчево.

Твоите зборови не потсетија што значи вистинско единство, поддршка и колегијалност. Нашиот “Среќен ден!” отсекогаш имаше посебно значење, но денес добива уште поголема тежина.

Со почит и благодарност,
Тимот на Брегал ДОО

#Bregal#Почит#Благодарност#14ГодиниЗаедно#IvanGocevski#Delcevo#ГордиСме

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на компанијата Брегал ДОО

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace