По примопредавањето на градоначалничката функција новиот Градоначалник Иван Гоцевски првата службена обврска што ја направи на првиот свој работен ден е доделувањето на посебно Признание на Горан Узунски за неговата посветена работа во изминатиот период.
Горан Узунски како вработен во ЈКП “Брегалница” Делчево е најпосветениот работник кој што ја одржува јавната чистота на јавните површини во Делчево, кој што постојано граѓаните можат да го видат на неговото работно место низ цело Делчево, прибирајки ги отпадоците кои што несовесни граѓани ги фрлаат на јавни површини.
Неговиот пример е силна порака за сите граѓани на Длечево да се однесуваат поодговорно при депонирањето на отпадоците на соодветно означените места за таа цел, но и пример за работник кој што е целосно посветен на својата работа без разлика на сите предизвици на работното место.
Горан Узунски е пример за работник на кој што може да се угледаат сите граѓани, што како аргумент го истакна и Градоначалникот Иван Гоцевски пред сите вработени во општинската администрација при што доби бурен аплауз од сите вработени во ЕЛС Делчево.
Градоначалникот Иван Гоцевски му ја изрази својата лична благодарност и пред присутните му соопшти дека ќе ја донира својата градоначалничка плата за поддршка на трудот и залагањето на Горан Узунски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
14 години вернос и вредност: Компанијата Брегал со емотивна порака до својот довчерашен вработен, денес градоначалник на Делчево
Доделени уверенијата за избор на градоначалник и советници во општина Карбинци
Иван Гоцевски ја презеде официјално градоначалничката функција во општина Делчево