БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почна распад на актуелниот систем- буквално. Се сруши плафон во армиски ресторан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Грижата за условите за работа на Македонската армија отсекогаш биле на незавидно ниво. Но ова што ќе го видите во видеото во продолжение се чини е новитет патентиран само под управа на Радмила Шеќеринска.

Полковник Драган Ковачки на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа како се урива плафон (меѓукатна конструкција) во еден од армиските ресторани каде што војници и воени старешини се хранат секојдневно.

Состојбата е алармантна!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Во изминативе години, министерот Шекеринска во континуитет се промовира дека успеала да реновира одредени армиски објекти. Но, дали тоа површно реновирање е со цел подобрување на условите за работа на вработените или пак целта е друга и можеби народните пари завршуваат и на друго место.

Еве да видиме дали и како е реновиран еден војнички ресторан во една од македонските касарни.Гледајте го таванот во видеото (до крај) и видете дали ова наликува на место каде треба да се хранат војниците и старешините на “нашата” Армија.

Да, во овој ресторан се хранат војници кои власта ги повикува секогаш кога ќе и’ загусти со пожари, поплави, мигрантски кризи итн.Замислете во тој момент војничкиот ресторан да бил полн со војници….

Само да потсетам, Шекеринска е 5 (петта) година министер за одбрана, а за реновирање на објектите потроши милиони евра народни пари.

#РаспадНаСистемот

#ОдговорностМораДаИма

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace