БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Не г-не Заев. Понижување за државата и за народот е што Вие се’ уште сте премиер.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки упати своја реакција во јавноста во врска со изјавата на Зоран Заев дека било понижување за државата и уставот доколку како граѓани не го користиме насилно донесеното име кое ја вклучува придавката СЕВЕРНА.

“Не г-не Заев.

Понижување е кога Вашата влада издава пасоши на криминалци и терористи додека за граѓаните нема обрасци за пасоши.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Понижување е кога Вашиот Министер за внатрешни не успеал да обезбеди обични регистерски таблички за возилата, а граѓаните во период од 6 месеци не можеа да си извадат лични карти.

Понижување е да си ги труете сопствените граѓани и војници со канцерогено масло (платено со народни пари), а за тоа ниту Вас ниту обвинителството “мува да не Ве лази”.

Понижување е кога вашите пајташи имаат возен парк од стотици илјадници евра, а над 600.000 граѓани живеат со 150 денари дневно.

Понижување е да живееш во држава во која Вашите СЈО наместо да работат по Закон, рекетираа и изнудуваа пари и привилегии.

Понижување е кога Вашиот претседател го нарекува народот Стока!

Понижување е да си го пцуеш сопствениот народ ако не те гласал на избори.

Понижување е кога лажете дека економијата блеска, а ја задолжувате државата за над 2,5 милијарди евра само да имате за плати и пензии.

Понижување е со пари од народот да си набавите морски плодови, презервативи и лубриканти, а граѓаните сами да набавуваат лекови за третмани во болниците.

Понижување е кога наместо први да набавите вакцини и респиратори, да трчате по провизии од Кина и Бразил.

Понижување е кога предизборно вработувате во пренатрупаната администрација, а од реалниот сектор се отпуштаат 60.000 работници што го полнат буџетот токму за нововработените во администрацијата.

Понижување е да се колнеш во сопствените деца и предци дека нема да го смениш името на државата а да го направиш токму спротивното, притоа обвинувајќи ги тие што до вчера си ги лажел и ти верувале, дека токму тие го кршат Уставот, а не ти.

Понижување е да сте на чело на држава која е прва по смртност од Ковид-19 во Европа, а да замајувате народ дека сте членка на најмоќниот воен сојуз на денешницата. Мртвите тоа не ги интересира…

Понижување за државата и за народот е што Вие се’ уште сте премиер.

#Промени

#МакедонијаЗаслужуваПодобро

#МакедонијаЗаСитеЛуѓе”

-напиша на фејсбук Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace