Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово Бошко Цветковски преку социјалните мрежи упати своја реакција во врска со изградбата на кружен тек во непосредна близина на железничка прига кој што го реализра локалната власт во Лозово.
“Почитувани граѓани, Ацо Велковски по поставувањето на нестандардни лежечки полицајци без одобрение за градба, повторно шверцерски во негов стил ,изведува градежни дејности со цел изградба на кружен тек без притоа да постави соодветна безбедносна сигнализација и заштитна ограда и тоа на само неколку метри од Железничката пруга . Ако се земе во предвид дека Градоначалникот на општина Лозово е Бивш Полицаец и една од работните задачи му била да санкционира прекршители на членови од ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА, тогаш Велковски свесно ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот и со ваквите негови постапки може да предизвика сериозни сообраќајни несреќи и губење на човечки животи.
Затоа Јавно го повикуваме Градоначалникот Велковски:
-Да го покаже и обзнани инфраструктурниот проект за овој кружен тек, односно дозволата за градежни работи, одобрен режим за сообраќај издаден од Општина Лозово и од МВР.
-Да ја обзнани причината за ваков тип на проект, кој според она што се гледа од терен ,повеке го загрозува, отколку што решава било каков сообракаен проблем.
-Ако се земе во предвид фактот дека на по 5 метри од двете страни на необезбедениот премин преку Железничката пруга,повторувам,НЕОБЕЗБЕДЕНИОТ ПРЕМИН ПРЕКУ ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА има кружен тек, дали Велковски водел сметка што ке се случи ако настане било каков застој помеѓу овие два сообраќајни кружни тека, доколку помине шинско возило? Бидејки на ова место до овој момент многупати се случил ваков тип на сообракајни незгоди со смртни последици или тешки телесни повреди.
-Дали овој кружен тек се гради со цел да постави уште некој фамозен споменик во стилот на „Коњот на Шерифот“ како што повекето граѓани го нарекуваат?
-Дали овој „Балтазаровски“Проект е дивоградба направена само, оти му се сака и му се може на Градоначалникот? Бидејки ако е без документи, дозвола, одобрение за градба, и градбата е на диво, односно се гради дивоградба! Ако го нема, гради дивоградба и тоа со општински пари,односно со пари на граѓаните!
-Ова на сликите кои се дадени во прилог, не е подготовка за градба, ова е веќе отпочната градба. Велковски мора да каже дали гради див кружен сообраќаен тек, без одобрение, што упатува на тоа дека не се гради ниту по стандарди? Велковски, наместо да троши пари на граѓаните , треба да почне да ги почитува законите!!
И сосема за крај би сакал да го прашам Велковски.. Дали за него постојат и други населени места во општина Лозово, кои и те како се соочуваат со сериозни проблеми за обезбедување на елементарни услови за живот или е концентриран само на едно населено место со еден куп кич проекти?!
Искрено не верувам дека градоначалникот во заминување ќе одговори,но затоа јавно и одговорно тврдам дека идниот Градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе гарантира подеднаква застапеност на проекти во сите населени места согласно реалните потреби на граганите..
Градоначалникот на општина Лозово треба да биде градоначалник за сите населени места !!
П.С. Следува промена на локалната власт во Лозово и одговорност за секое незаконско дејствие ќе има!”
-Фејсбук реакција на Претседеталот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022