БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Груевски: “Нека сработат и нешто ново, што тие ќе го започнат.”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски денеска си свој став на фејсбук за причините зошто актуелната власт предводена од СДСМ и Зоран Заев ги запира и ги пролонгира реализацијата на големите инфраструктурни капитални проекти кои ги започна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 3-4 години.

Следна епизода после оваа со Штип-Радовиш ќе биде експресниот пат Штип-Кочани, кој почна со градба пред доаѓањето на власт на СДСМ, чија градба веднаш ја запреа кога дојдоа на власт, со слични изговори како за автопатот Демир Капија-Смоквица, и цела година се одлага натамошната градба.

Потоа ќе следи градбата на новиот експресниот пат кон бугарската граница, Ранковце- Крива Паланка, со дополнителни проширувања на патот Крива Паланка-бугарска граница, кој беше речиси во истазавршна фаза на подготовка за градба како експресниот пат Штип- Радовиш.

И на крај експресниот пат Охрид- Пештани, чија градба ја запреа преку еколошки друштва со образложение дека некои чавки летале од Африка кон северна Европа, и баш тука каде требаше да почне градбата на патот правеле кус одмор.

Оној пак експресен пат Прилеп- Градско, кој веќе цела година се градеше не можеа да го запрат, но кажаа дека го спасиле со тоа што исправиле некакви грешки кои всушност непостојат.

А всушност оној министерот од Прилеп се пресмета дека не му одговара да се пролонгира градбата бидејќи секој втор ден се вози по сегашниот стар пат.

За сите овие 5 експресни патишта имаше 3-4 години макотрпни и неизбежни подготвителни работи, геодетски истражувања на земјиштето каде ќе се гради, дизајнирање, правење проекти, експропријации, преговори и обезбедување кредити од Светска банка, ЕБРД или ЕИБ, спроведување постапки за јавна набавка итн.

Нека престанат да ги кочат градбите и развојот на Македонија за да покажат дека се почнува од нив. Нека сработат и нешто ново, што тие ќе го започнат. Македонија мора да оди напред, а не власта со интриги да гради перцепција за себе дека се од неа почнало, а всушност се со неа се закочи.

Напиша Никола Груевски попладнево на својата фејсбук страна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace