БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Игор Дурловски со моќна порака се заблагодари за укажаната чест: -Народот ќе биде повторно слободен

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По објавувањето на кандидатските листи од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кандидатите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април, едно од имињата на носителите е и името на оперскиот пејач Игор Дурловски.

Тој за оваа укажана чест упати порака преку социјалните мрежи со која се заблагодари на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Истата поради големината, силината и значењето на искажаните зборови, пораката на Игор Дурловски ја запишавме, за да се памети за сите идни генерации Македонци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение ја пренесуваме интегрално во целост:

“Во тешките денови кои ги поминавме заедно ме запознавте и со срце секогаш бев поддржан од вас.

Ги бранев нашите принципиелни ставови борејки се за Македонија, за вистинските вредности без отстапки.

Доаѓам од средина во која секогаш се работи тимски и заедничкиот труд на тимот на крајот се вреднува и наградува со аплауз. Во тој свет нема губитници. На сцената немам непријатели. Мојата енергија и онаа на тимот со кој што работам ја пренесуваме на луѓето. Директно, непосредно. Та е работа во која се внесуваат силни емоции, знаење и искуство , работа во која често се фокусираме на најситните детали и на големата слика во истовреме.

Затоа ве повикувам на достоинствена борба, уверен дека ќе ја одберете вистинската страна , страната на праведните, страната на победниците.

Јас нема противник, немам непријател . Се борам за вистината. А вистината е само една . Периодот кој следи ќе биде уште една потврда на нашата решеност, сплотени сите ние да се избориме за доброто на нашата Македонија, за доброто на нашите деца и за идеалите на нашите претци. Ќе се потрудам да стигнам до секој од вас, да стегнам сечија дланка, да ве погледнам во очи, да ве погледнам. Да го вратиме заеднички оптимизмот кој ни го одзедоа. Слободата е блиску, илузијата е скршена. Народот ќе биде повторно слободен. Борбата ќе биде тешка, но овојпат пред вас имате луѓе кои нема да отстапат и кои имаат визија, знаење а и енергија. Се борам и ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот, после сите национални понижувања кои ги доживеавме заедно.

Да го обновиме системот кој свесно и во континуитет е рушен. Да ги поддржиме најдобрите да водат и да го употребат сето свое знаење, мотивација, храброст. Свесно со политички сретства да им ја покажеме нашата сила и мудрост, да завршат маките да дојде подобро утре.

Ве поканувам да бидете со мене, да бидете со нас бидејки заедно сме уште посилни.

Македонија слободна, слободно ќе живее. Секогаш и засекогаш.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace