На најновата анкета на ИПИС забележлив е тренд на пораст на граѓаните кои што се повеќе се мотивираат да излезат на избори, што по некоја искуствена аналитика би значело казна за актуелната власт. Доколку парламентарните избори се одржат следната недела на гласање со сигурност би излегле 46,4 проценти од гласачите што е јасно определена подготвеност за влијаење на актуелните политички процеси. Дополнително на овој процент се додава и процентот од 7.8% на граѓани кои што велат дека најверојатно ќе гласаат што сумарно изнесува над 54% граѓани кои сакаат да влијаат на политичките разврски во државата за наредните 4 години.
Анкетата покажува двојно поголема предност на ВМРО-ДПМНЕ од 21,3% испитаници кои јасно се определуваат за опозициската партија наспроти 10.9% од граѓаните кои се определиле за владеачката СДСМ.
Според испитаниците политичар со најголема доверба е Христијан Мицкоски.
Анкетата е направена од страна на Институтот за политички истражувања – Скопје, по барање на Канал 5.
Резултатите од анкетата детално ни ги пренесува Владимир Божиновски. Со него разговара Јован Ѓорговски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број на прекршоци, честитки до граѓаните за почитувањето на сообраќајните правила
Миинистерот Љутков ја презентираше Националната програма за култура за 2026 година
Бојан Маричиќ даде заклетва на својата нова функција